Папата ги нарекол „срамни“ депортациите на мигранти на средбата со Венс


677z381_dzej-di-vens-epa-efe-Ron-Sachs-nnn.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на својата посета на Рим оствари кратка средба со папата Франциск во папската резиденција Каза Санта Марта, објавија американските медиуми.


Според извештаите, средбата се одржала во период на затегнати односи меѓу Ватикан и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пред сè поради контроверзните антиимиграциски мерки и драстичното намалување на меѓународната помош.

Венс, кој патува со своето семејство, се сретнал и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, како и со ватиканскиот министер за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер.

Од Светата столица соопштија дека средбите се одвивале во „срдечна атмосфера“ и дека биле разменети мислења за низа глобални теми – од миграциските политики и статусот на затворениците, до тековните меѓународни конфликти.

Ватикан изразил задоволство од „посветеноста на американската администрација за заштита на слободата на вероисповед и совест“, и покрај тоа што Папата Франциск неодамна јавно ги осуди плановите на Трамп за масовни депортации, нарекувајќи ги „срамни“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK