Папата Франциско мета на критики: Израелците велат дека ги изедначил Израел и Хамас

Папата-Франциско-мета-на-критики-Израелците-велат-дека-ги-изедначил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско се најде на мета на критики од Израелците, откако тој наводно ги изедначил Израел и Хамас, по разговорите со израелските и палестинските делегации во Ватикан.


„Тие многу страдаат, слушам како и двете страни страдаат“, рече папата, посочувајќи на сведочењата на група Израелци чии членови на семејствотот се во заробеништво на Хамас, по убиствата и киднапирањата на 7 октомври на југот.

Тој разговараше и со членовите на палестинските семејства, чии членови се наоѓаат во енклавата која е цел на израелскиот одговор.

„Војните го прават тоа, но ние отидовме подалеку од војната: ова не е војна, ова е тероризам“, додаде папата, пренесе „АНСА“.

Членовите на израелската делегација брзо реагираа, а еден од членовите рече дека не смее да има равенка меѓу Хамас, „кој е терористичка организација и користи цивили како жив штит“, а од друга страна, Израел, „кој брани цивили“.

Друг член на делегацијата изрази „разочарување“ бидејќи папата не го нарече Хамас како терористичка организација.

„Тој само рече дека војната мора да заврши. Нема време да му ја раскажеме нашата приказна“, вели друг Израелец.

Членот на делегацијата Жаир Ротем, сепак, изјавил дека средбата била „ефикасна“ и дека папата ги слушал, пренесува Танјуг.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, за време на конференцијата по разговорите со палестинската делегација во Рим, рече дека Палестинците тврделе дека Франциско рекол дека палестинскиот народ минува низ „геноцид“.

„Не сум свесен дека употребил таков збор“, рече Бруни, отфрлајќи го тврдењето.

Тој додаде дека папата користел зборови за подобро да се изрази при своето обраќање до јавноста и дека тие зборови ја претставуваат страшната ситуација што се случува во Газа.

„Бевме присутни десетмина и сите го слушнавме тоа“, ѝ одговори Бруни на палестинската делегација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK