Папата Франциск се сретна со кубанскиот претседател Дијаз-Канел

Francisk-dijazkanel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциск денеска се сретна со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, додека полицијата од Ватикан отстрани мала група демонстранти кои бараа почитување на човековите права на комунистичкиот остров.

Во соопштението на Ватикан не се наведуваат детали од 40-минутниот разговор, но се наведува дека тема на разговорот на Дијаз со дипломатите на Светата столица била актуелната ситуација во неговата земја со акцент на хуманитарните активности на Католичката црква во Куба.


„Дијаз ги поддржа напорите на Папата да обезбеди мир, да ја зачува животната средина, да промовира нуклеарно разоружување и да ги заштити сиромашните“, се вели во соопштението на кубанската амбасада.

Дијаз исто така треба да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела и претставници на Агенцијата за храна на Обединетите нации. Тој ретко ги посетува западните земји, а минатиот ноември отпатува во Кина и Русија да се сретне со претседателите на двете земји.

Папата Франциск ја посети Куба во 2015 година, каде што се сретна со болниот револуционерен лидер Фидел Кастро, кој почина во 2016 година.

Десетици луѓе кои се противат на кубанската влада одржаа протести во близина на реката Тибар, неколку улици од Ватикан, за време на средбата меѓу Папата и Дијаз. Тие имале намера да протестираат пред плоштадот Свети Петар, но полицијата не им дозволила.

Демонстрантите вееја кубански и италијански знамиња и бараа ослободување на луѓето што ги нарекоа политички затвореници. Тие држеа голем транспарент на кој пишуваше: „Почитувајте ги човековите права во Куба“.

Куба, која е под комунистичка управа, се соочи со остри критики од групите за човекови права, САД и Европската унија, откако затвори стотици демонстранти поради немирите на 11 јули 2021 година, најголемите од револуцијата на Кастро во 1959 година.

Кубанските власти соопштија дека луѓето кои биле затворени по демонстрациите во 2021 година се виновни за нарушување на јавниот ред, отпор при апсење, грабеж и вандализам. Властите не попуштија и покрај зголемениот меѓународен притисок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK