Најмалку шест загинати во поплавите во Јапонија

5-17.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку шест лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија централна Јапонија во последните два дена, јавија локалните медиуми.



Две лица се водат за исчезнати.

Десетици реки се излеаа од коритата во текот на викендот, предизвикувајќи огромни штети на околните места.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека обилните дождови меѓу саботата и неделата достигнале 540 мм во префектурата Ишикава, најмногу од почетокот на евиденцијата во 1976 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK