Паника во Италија, пожар се шири низ Палермо, училиштата се затворени

Паника-во-Италија-пожар-се-шири-низ-Палермо-училиштата-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Голем шумски пожар во близина на Палермо се шири и му се заканува на главниот град на Сицилија, а училиштата во околните области се затворени.

Жителите на предградието Бранкачо поминаа непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што веќе направија во јули кога областа исто така беше зафатена од шумски пожари.

Училиштата во Гратери беа затворени, а локалниот градоначалник Џузепе Муфолето ги повика жителите да преземат мерки на претпазливост во случај пожарот да се прошири.

Канадски авиони интервенираа за да спречат ширење на пожарот во областа Палермо.

Пожарот ја зафатил областа од Гратери до одморалиштето Чефалу и областите околу Месина и Трапани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK