Падна романската влада


13952904.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опозиционите партии на Романија ја соборија прозападната конзервативна влада на премиерот Илие Болојан бидејќи се противат на неговите политики за штедење и плановите за продажба на државен имот.


Предлогот за недоверба на владата го поднесоа Алијансата за единство на Романците (AUR), крајно десничарска популистичка партија, и Социјалдемократската партија (PSD), која до неодамна беше дел од коалицијата на Болојан.

Претседателот Никушор Дан сега мора да предложи кандидат за премиер. Доколку парламентот отфрли два последователни предлози, тој може да го распушти парламентот и да распише предвремени избори.

Дан неодамна јасно стави до знаење дека нема да номинира кандидат од „антизападната“ AUR, која е втора најголема група во парламентот по PSD.

Болојан ја предводи централнодесничарската Национална либерална партија (PNL и е на функцијата од јуни 2025 година.

 

фото/ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK