Утре променливо облачно време, со температура до 27 степени


oblacno-esen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, информира УХМР.


Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре попладне следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Минималните температури насекаде ќе бидат над нула.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK