Орбан: Унгарија е „трн во око“ на западните земји

Орбан-Унгарија-е-„трн-во-око-на-западните-земји.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Будимпешта не планира да отстапи од својот став за главните политички и општествени прашања, иако е свесна дека лидерите на САД и ЕУ ќе продолжат да ја напаѓаат“, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на состанок со пратениците на владејачката партија.


Според весникот „Маѓар немзет“, на состанокот кој бил одржан зад затворени врати, Орбан навел дека Унгарија е „трн во окото“ на западните земји бидејќи е „најслободната земја во Европа“.

„Нашите граници се безбедни и тука нема мигранти. Наместо тоа, водиме семејна политика и никој не им наметнува родови идеи на децата. Не ѝ даваме оружје на Украина и не сакаме да се мешаме во војната“, рекол Орбан.

Предупредил на намерата на лидерите на ЕУ на Унгарија да ѝ го одземат економскиот, културниот и политичкиот суверенитет со тоа што ќе го променат начинот на кој Будимпешта го снабдува со гас населението и ќе ја присилат да прими десетици илјади мигранти во државата.

Орбан смета дека Западот сака да ја присили Унгарија да ѝ даде пари на Украина и да го одобри членството на таа држава во ЕУ без дебата, иако не ги исполнува условите.

„Нема да дозволиме тоа да се случи“, вели Орбан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK