Орбан свика состанок на Советот за одбрана на Унгарија поради војната во Украина

orban
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утринава свика состанок на Советот за одбрана на кој ќе се разговара за ескалација на конфликтот во Украина, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

На состанокот Орбан рече дека иако примирјето и мировните преговори треба да бидат приоритет, борбите во руско-украинската војна се разгореле во текот на ноќта.


– Наш приоритет ќе продолжи да биде унгарската безбедност, рекол Орбан, цитиран од Хаваси.

На средбата присуствуваа министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички, министерот за полиција Шантор Пинтер, секретарот на Владата Антал Роган и началникот на Генералштабот на унгарската армија Габор Боронди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK