Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна


orban4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија не може да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи, како што изјави, „достигнувањата што се постигнати досега мора да бидат заштитени“.


Во интервју за јавното радио, Орбан објасни дека проширувањето на Европската Унија во минатото било корисно за постојните членки, како што е Унгарија, но дека приемот на Украина во блокот би бил штетен за Унгарија, објави „МТИ“.

„Зошто да губиме, кога би можеле да имаме корист или барем да го заштитиме она што сме го постигнале“, праша Орбан.

Тој изјави дека слободниот проток на украинска работна сила може да го загрози целосното вработување во Унгарија, што го смета за најголемо достигнување во последните 15 години.

Тој исто така истакна дека членството на Украина во Европската Унија би можело целосно да ги промени финансиските основи на европското земјоделство, што би ги оставило унгарските земјоделци без средства и би ги ставило стотици илјади семејства во многу тешка положба.

Орбан предупреди дека ако Украина стане членка на Европската Унија, во Унијата ќе влезе војната.

„Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, во Европската Унија, која беше создадена како сојуз за мир, ќе има војна“, рече Орбан, повикувајќи, членството на Украина да биде отфрлено.

Тој додаде дека брзото членство на Украина може да „ја уништи унгарската економија“ и дека неговата земја може да банкротира.

Орбан потсети дека граѓаните на Унгарија имаат право да одлучат за датумот на пристапување на Украина, но дека е многу тешко да се поддржи тој процес.

Тој ја критикуваше и одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која објави дека Украина мора да биде примена во Европската унија до 2030 година, нагласувајќи дека, според него, „процесот не може да се запре кога ќе стигне до последната фаза“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK