Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија

orban
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е „неприфатлив“.

„Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат на сила да ги преселат мигрантите во Унгарија“, рече Орбан, а на Твитер го постира портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач.


Тоа, како што кажа Орбан, е „неприфатливо“.

Министрите за внатрешни работи на членките на Европската унија постигнаа договор за промена на системот за азил, што подразбира и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK