Опра Винфри во болница: Познатата американска водителка е хоспитализирана

hgk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Познатата американска новинарка Опра Винфри (70) завршила во болница на инфузија поради дехидрација предизвикана од стомачен вирус, јавуваат американските медиуми.

Таа „се опоравува од стомачен вирус и прими инфузија за дехидрација, како што препорача нејзиниот лекар“, рече нејзиниот претставник за медиуми во изјава дадена за Си-Ен-Ен.

„Таа одмара и се чувствува подобро секој ден“, рече тој.

Винфри претходно  и кажа на својата најдобра пријателка, новинарката Гејл Кинг, дека „не може да држи вода во телото за да остане хидрирана“, па морала да побара помош во болница.

Кога таа и рекол дека изгледа „слабо“, Винфри се согласила дека сè уште не е добро, но дека е „на пат“ кон закрепнување.

Таа на својата пријателка и кажала дека и многу луѓе во нејзината куќа „заболеле“ од стомачен вирус и ги потсетила гледачите дека е важно да ги мијат рацете.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK