Опозицијата победи на парламентарните избори во Источен Тимор

избори
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опозициската партија Национален конгрес за обнова на Источен Тимор (ЦНРТ) победи на парламентарните избори во земјата.







Тоа значи дека првиот претседател на независен Источен Тимор, Ксанана Гусмао, најверојатно ќе се врати на власт како премиер.

Државната изборна комисија денеска ги соопшти официјалните резултати од изборите одржани во неделата, според кои опозициската партија освоила 41 отсто од гласовите, односно 31 пратеничко место во 65-члениот парламент.

Владејачкиот Револуционерен фронт за независен Источен Тимор (Фретилин) освои 25 отсто од гласовите или 19 места.

Демократската партија освои шест пратенички места, селската партија Хунто пет, а Народноослободителната партија четири.

На изборите учествуваа 17 партии, а условот беше најмалку на секое трето место на партиската листа да има жена. Прагот за влез во собранието е четири проценти од гласовите.

Ниту една партија не формираше коалиција пред гласањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK