Околу 500 луѓе се заглавени на паркинг на аеродромот Ното во Јапонија, откако зградата на терминалот претрпе големи оштетувања во вчерашниот силен земјотрес, во кој загинаа 30 луѓе.
.
Патниците чекаат во автобуси и други возила, а им е обезбедена храна и ќебиња, јавува јапонската јавна телевизија NHK.
Земјотресот предизвика неколку пукнатини на пистата долга и до 10 метри.
Официјални лица рекоа дека аеродромот ќе биде затворен најмалку до четврток, бидејќи работниците за поправка не можат да стигнат до аеродромот поради големата штета на патот.
Неколку силни земјотреси, од кои најразорниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.