Официјален претставник на ОН: Газа е пекол на земјата

Израел-го-нападна-јужниот-дел-на-Газа-„Болниците-се-полни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, по посетата на таа палестинска територија, која повеќе од два месеци интензивно ја бомбардира израелската армија, објави дека Појасот Газа е „пекол на земјата“.

„Назад во Газа, трагедијата е се полоша и полоша. Луѓето се насекаде, живеат на улица, сè им недостасува. Тие молат да бидат донесени на безбедно и за крајот на овој пекол на земјата. Го бараме невозможното од нашите колеги, во оваа невозможна ситуација“, објави Лазарини на платформата Х.

Војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас, кој владее со Газа, трае веќе 67 дена.

Генералното собрание на ОН денеска гласа за необврзувачка резолуција за „итен хуманитарен прекин на огнот“, бидејќи слична резолуција не беше усвоена минатата недела во Советот за безбедност.

Нацрт-резолуцијата повикува на заштита на цивилите, пристап до хуманитарна помош и итно и безусловно ослободување на заложниците однесени во Појасот Газа на 7 октомври, на првиот ден од војната, кога палестинските екстремисти, предводени од Хамас, го нападнаа јужниот дел на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK