Окружното обвинителство во Мехнетно денеска побара од судијата да го одложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за 30 дена во врска со наводното прикривање на сексуални скандали за време и по претседателската кампања во 2016 година.
Обвинителите побараа одложување за да можат да ја разгледаат новата серија документи што ги добиле од федералните обвинители, пишува Њујорк Тајмс.
Потенцијалното одложување на судењето, кое треба да започне со избор на поротата на 25 март, би претставувало уште едно одложување на правната постапка против Трамп, по кривичното судење во Вашингтон, каде што тој е обвинет за заговор за поништување на изборните резултати во 2020 година, одложена затоа што поранешниот претседател се жалеше до Врховниот суд.
Одложувањето на судењето мора да го одобри судијата Хуан Меркан, но се уште не е јасно кога тој ќе донесе одлука.