Во последниве години, Русија, САД и Кина изградија нови капацитети и ископаа нови тунели на нивните локации за нуклеарни тестирања.
Тоа го покажуваат сателитските снимки до кои ексклузивно дојде Си-Ен-Ен, во време кога тензиите меѓу трите големи нуклеарни сили се искачија на највисоко ниво во последните децении.
Иако нема докази кои сугерираат дека Русија, САД или Кина се подготвуваат за неизбежен нуклеарен тест, сликите добиени и обезбедени од истакнат аналитичар во воените студии за неширење на оружјето, ги илустрираат неодамнешните проширувања на три локации за нуклеарни тестови во споредба со само пред неколку многу години.
Едната е управувана од Кина во далечниот западен регион Ксинџијанг, една од Русија во архипелагот на Арктичкиот Океан и една во САД во пустината Невада.
Сателитските снимки од изминатите три до пет години покажуваат нови тунели под планините, нови патишта и магацини, како и зголемен сообраќај на возила кои влегуваат и излегуваат од локациите, вели Џефри Луис, доцент во Центарот за меѓународни студии Џејмс Мартин.
Пензионираниот полковник на американските воздухопловни сили Седрик Лејтон, поранешен разузнавачки аналитичар, ги прегледа сликите од нуклеарните локации на трите сили и дојде до сличен заклучок. „Многу е јасно дека сите три земји, Русија, Кина и САД, вложија многу време, напор и пари не само во модернизацијата на нуклеарниот арсенал, туку и во подготовката на видовите активности кои би биле потребни за тестирање.
Москва го ратификуваше договорот, но рускиот претседател Владимир Путин во февруари рече дека ќе нареди тестирање ако први тргнат САД, додавајќи дека „никој не треба да има опасни илузии дека глобалниот стратешки паритет може да биде уништен“.
Заканата од нуклеарно тестирање произлегува од степенот до кој тоа ја забрзува растечката трка во вооружување меѓу САД, од една страна, и Русија и Кина, од друга страна, сметаат експертите. Додаваат дека „последиците се тоа што трошиме огромни суми на пари, иако не стануваме посигурни.“