Обилните дождови денеска поплавија патишта и железнички пруги во поширокото подрачје на индискиот град Мумбаи, авиосообраќајот е во хаос, училиштата се затворени, а надојдените реки во другите делови на земјата им се закануваат на повеќе од два милиони луѓе.
„Непосредно пред утринскиот шпиц, овој град со 12 милиони жители доби силен дожд“, изјави неименуван градски функционер за Ројтерс.
Откако најавија продолжување на обилните врнежи и плимниот бран од 4,4 метри, властите превентивно наредија затворање на училиштата и факултетите.