Новозеландското национално радио отвори истрага поради „несоодветно“ проруско редактирање на настани за војната во Украина

nov-zeland-radio
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националното радио на Нов Зеланд отвори истрага и испрати свој вработен на принуден одмор, откако се покажа дека серија вести на веб-страницата на медиумот за руската инвазија на Украина биле редактирани за да се презентираат „лажни информации за настаните“.

Радио Нов Зеланд (RNZ), кое е финансирано од владата, но има уредувачка независност, до вчера коригирало 15 материјали на својата страница, од кои првата беше објавена во април 2022 година.


Корекциите што ги направиле во радиото на материјалите биле неопходни бидејќи како резултат на нивното редактирање, оригиналните текстови биле променети за да се претстават како факт проруските толкувања на одредени настани во Украина. Четиринаесет од вестите се преземени од агенцијата Ројтерс, а една од Би-Би-Си, покажуваат линковите до нив.

Во соопштението на Радио Нов Зеланд се вели дека продолжува да врши детална ревизија и анализа на сите новинарски текстови кои можеби биле несоодветно редактирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK