Катарската телевизија Ал Џезира денеска објави дека нејзиниот известувач Исмаил ал-Гул и снимателот Реми Ел Рифи биле убиени во израелски напад врз Газа.
Анас Ал-Шариф, колега на двајцата загинати новинари, рече дека Ал-Гул и Ел Рифи снимале во близина на куќата на Исмаил Ханије, командантот на Хамас кој беше убиен во Иран претходно денеска во напад за кој групата го обвинува Израел, пренесува Ројтерс.
Канцеларијата за медиуми на владата во Газа, управувана од Хамас, соопшти дека бројот на палестински новинари убиени во израелските напади од почетокот на конфликтот на 7 октомври достигна 165.