Нов земјотрес е регистриран во Јапонија, овој пат со магнитуда од 6,2 степени на островот Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки.
Нема штети или жртви
Епицентарот е регистриран на длабочина од околу 80 километри, а во првите часови по потресот не се пријавени жртви или материјална штета.
Хокаидо е најсеверниот остров во Јапонија и втор по големина. Не е издадено предупредување за цунами, а епицентарот се случил во регион кој не е пренаселен, 200 километри источно од Сапоро. Беше нагласено дека во областите каде што се случиле посилни тресења на земјиштето, ризикот од одрони на карпи и лизгање на земјиштето е зголемен.
Можни посилни земјотреси
Пред една недела, во Јапонија беше регистриран уште посилен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, кој го погоди североисточниот брег на Јапонија, а во тоа време властите ги повикаа жителите по должината на крајбрежните области да бидат исклучително внимателни од цунами. Земјотресот во тоа време беше регистриран во Тихиот Океан, на длабочина од десет километри.
Во таа прилика, јапонските лидери предупредија дека е потенцијално можен уште посилен земјотрес со магнитуда од 8 степени или поголем.