Властите во Норвешка предупредија дека земјата би можела да биде погодена од најмоќното невреме во последните три децении и ги повикаа луѓето да останат дома.
Невремето, наречено „Ингун“ од норвешките метеоролози, се очекува да ја погоди централна Норвешка денеска околу пладне, а утре да се пресели на север.
Се очекува ураганските ветрови да достигнат брзина од 126 до 180 километри на час, соопшти локалната полиција.
Авиокомпаниите и фериботите предвидуваат дека ќе има прекини во нивниот сообраќај.
Властите објавија црвен аларм, највисоко ниво, за областа околу градот Трондхајм, како и островите Лофотен, северно долж брегот на Арктикот.
Се очекува бурата да ја погоди истата област како и новогодишниот ураган од 1992 година, кој беше едно од најсилните бури во историјата на Норвешка, пренесува АП повикувајќи се на весникот ВГ.