Ники Хејли одлучи да се повлече од трката за претседател на САД, пишува WSJ.
Хејли планира накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.
Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа победи на непартиските избори во 14 од 15 сојузни држави на САД.