Никарагва ја тужи Германија за помош на Израел

Никарагва-ја-тужи-Германија-за-помош-на-Израел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Никарагва поднесе тужба против Германија до Меѓународниот суд на правдата (МСП) за давање финансиска и воена помош на Израел и кратење средства на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), соопшти највисокиот суд на ОН.

Никарагва побара од МСП, исто така познат како Светски суд, да донесе итни мерки со кои се бара Берлин да престане да дава воена помош за Израел. Судот вообичаено одредува датум за расправа за бараните итни мерки во рок од неколку недели од поднесувањето на тужбата.

Според Никарагва, Германија ја прекршува Конвенцијата за геноцид од 1948 година и Женевската конвенција од 1949 година за законите за војна на окупираните палестински територии.

Тужбата доаѓа по онаа на Јужна Африка против Израел поради тврдењата за геноцид на Палестинците во Газа.

Заедно со САД, Германија е еден од најголемите извозници на оружје во Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK