Нигериските сили убија 26 терористи од огранокот на Исламската држава

nigerija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нигериските безбедносни сили убиле најмалку 26 членови на терористичката група ИСВАП, која се смета за западноафрикански огранок на Исламската држава.







Официјален претставник на нигериското Министерство за одбрана, Муса Данмадами, соопшти дека безбедносните сили извршиле операција против ИСВАП во сојузната држава Борно, јави Анадолија.

Тој додаде дека во операцијата се убиени најмалку 26 терористи и оти многу терористи се ранети.

За време на операциите биле фатени уште 25 лица и обвинети за логистичка поддршка на терористите.

ИСВАП е терористичка група формирана од Абу Мусаб ал Барнави, син на Мохамед Јусуф, основачот на терористичката организација Боко Харам во Нигерија.

По смртта на неговиот татко во 2009 година, Ал Барнави влезе во несогласувања со новиот лидер на Боко Харам, Абу Бакр Шекау, се раздели од него, го основа ИСВАП и воспостави соработка со терористите на ИД, додава Анадолија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK