Нигер го затвора воздушниот простор поради „закана од интервенција“

niger_342434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воените власти на Нигер објавија дека го затвориле воздушниот простор на земјата, предупредувајќи дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на „енергичен и итен одговор“.

-Соочени со заканата од интервенција, која станува се појасна со подготовката на соседните земји, воздушниот простор на Нигер е затворен од недела… за сите авиони до понатамошно известување, се вели во соопштението на новите власти.


Најавата дојде откако истече рокот од западноафриканскиот блок ЕКОВАС за да ја вратат власта на демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

ЕКОВАС минатата недела им постави ултиматум на новите воени власти на Нигер да се откажат во текот на неделата или ќе се соочат со можна воена интервенција.

Базум беше соборен на 26 јули кога членовите на неговата сопствена гарда го приведоа во претседателството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK