Невеста уапсена на денот на свадбата во Мексико

Невеста-уапсена-на-денот-на-свадбата-во-Мексико.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во местото Вила Гереро, Мексико, невеста била уапсена поради изнуда на денот на нејзината венчавка, пишува „Скај њуз“. Фотографирана е со лисици во венчаница, опкружена од полицијата.


Жената, идентификувана од државните обвинители само како Ненси Н, не стигнала ни во црквата. Полицајците ја пресретнале за време на церемонијата, кога излегувала од возилото пред црквата. Младоженецот, именуван во медиумите како Клементе Н., со прекар Ел Ратон, што значи глушец, бил баран по истите обвиненија, но успеал да побегне.

Двојката и уште неколку учесници беа обвинети за изнуда на пари од трговци со пилешко во Толука, во близина на Мексико Сити. Освен тоа, постои сомнеж дека од месарницата киднапирале четворица работници. Обвинителството на социјалните мрежи објави фотографии од осомничените при приведувањето. Групата наводно е поврзана со картелот La Familia Mochoacana, соопштија властите. Полициската истрага продолжува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK