Пред најавата за прифаќање на договорот, Нетанјаху рече дека интервенцијата на американскиот претседател Џо Бајден помогна да се подобри рамковниот договор за да вклучи повеќе заложници и помалку отстапки.
Но, Нетанјаху рече дека мисијата на Израел не е променета.
„Ние сме во војна и ќе продолжиме да војуваме додека не ги постигнеме сите наши цели. Да се уништи Хамас, да се вратат сите наши заложници и да се осигураме дека ниту еден ентитет во Газа не може да му се заканува на Израел“, рече тој во снимената порака на почетокот на состанокот на владата.