Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите врз Појасот Газа би можеле да продолжат во 2025 година, пренесува Анадолу.
„Нетанјаху говореше за нападите на Израел врз Газа на состанокот во Биру Себа, во близина на Појасот Газа, на кој присуствуваа високи безбедносни и локални претставници“, објави израелскиот „Канал 12“.
Наведено е дека Нетанјаху на официјалните претставници на состанокот им рекол дека „според сегашната процена, израелските напади врз Газа би можеле да продолжат следната година“.
Локалните официјални лица му рекле на Нетанјаху дека повеќето Израелци, кои го напуштиле регионот каде што живееле поради ракетните напади од Газа и други безбедносни причини, не сакаат да се вратат во пограничните региони.