Нетанјаху: Ќе ослободиме уште заложници со офанзива

Нетанјаху-Ќе-ослободиме-уште-заложници-со-офанзива.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да пропушти никаква можност да ослободи уште заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа, додавајќи дека израелската армија ќе продолжи со офанзивата до „конечната победа“ над Хамас.


Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафах, јужно од Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70), пренесува Танјуг.

„Фернандо и Луиз, добредојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Само продолжувањето на воениот притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на платформата „Икс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK