Нетанјаху ќе мора на итна операција под целосна анестезија

Нетанјаху-Ни-кажаа-дека-нема-да-можеме-да-влеземе-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да оди на операција на кила под целосна анестезија, соопштија од неговиот кабинет, пренесува Си-Ен-Ен.

На Нетанјаху (74) на вчерашниот рутински преглед му била констатирана дијагнозата, а денеска треба да биде опериран.

Тоа значи дека израелскиот лидер ќе биде привремено надвор од функцијата во деликатниот момент на војната во Газа и најавените преговори меѓу Израел и Хамас во Каиро.

Него привремено ќе го замени досегашниот вицепремиер и министер за правда Јарив Левин.

Преговорите за ослободување на преостанатите израелски заложници кои ги држеше милитантната група во замена за прекин на огнот во конфликтот во кој загинаа повеќе од 32.000 жители на Газа, паднаа во ќорсокак минатата недела.

Ова е втора операција на Нетанјаху откако се врати на премиерската функција на крајот на 2022 година. Минатото лето му беше вграден пејсмејкер во срцето.

Нетанјаху веќе имаше кила во 2013 година, кога исто така беше опериран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK