Нетанјаху: Израел ќе употреби сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

677z381_netanjahu-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе употреби сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.


„На Хезболах му нанесуваме удари кои не можеше да ги замисли, тоа го правиме со сила и со трикови. Можам да ви ветам едно: нема да застанеме додека не се вратат дома“, рече Нетанјаху во видео пораката што ја објави неговиот кабинет, пренесе Франс прес.

Неименуван израелски функционер во меѓувреме изјави за Си-Ен-Ен дека Нетанјаху и дал дозвола на неговата влада да се приклучи на напорите на САД да посредува за прекин на огнот во Либан.

Нетанјаху даде одобрение под услов каков било договор да им дозволи на израелските цивили да се вратат во своите домови во северен Израел и подоцна додаде дека нема да мирува додека тоа не се случи.

Советникот на Белата куќа Амос Хохштајн е вклучен во преговорите за прекин на огнот, но Американците не разговараат директно со Хезболах.

Си-Ен-Ен денеска објави дека САД итно работат на план за намалување на тензиите меѓу Хезболах и Израел поради зголемената загриженост дека конфликтот може да ескалира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK