Влаховиќ му кажал „Не“ на Јувентус

2HRDJGWMJJLQRDG24KR64PTIVA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ситуацијата во Торино се повеќе се вжештува кога е во прашање статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус.



Српскиот репрезентативец, кој вторпат по ред не е на списокот на Драган Стојковиќ Пикси, влезе во своевидна војна со челниците на „старата дама“.

Имено, Јувентус сака да му понуди нов договор, но и да му ја намали платата.

Со 12.000.000 евра по сезона тој е најплатен играч во Серија А, а Јуве има намера да го намали тоа на осум или девет милиони, а во договорот би биле вметнати и одредени клаузули кои доколку би биле исполнети би му овозможиле на напаѓачот да дојде до сумата од 12.000.000 евра.

Влаховиќ ја одбил понудата, и практично му ги „врза рацете“ на спортскиот директор Кристијан Џунтоли во обид да донесе нови засилувања.

Србинот е на удар на критиките од почетокот на сезоната, особено по три последователни натпревари во кои Јувентус е без голови во Серија А.

Влаховиќ постигна само два од нив сезонава, и двата на гостувањето кај Верона во 2. коло.

Инаку медиумите во Италија шпекулираат дека Јувентус се заинтересирани за Виктор Осимен, а во исто време се пишува дека Влаховиќ би можел да заврши во Арсенал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK