Нетанјаху: Договорот со Хамас е правилна одлука

Нетанјаху-Ни-кажаа-дека-нема-да-можеме-да-влеземе-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече правилна одлука договорот со Хамас за времен прекин на огнот со цел ослободување на некои од израелските заложници и ослободување на одреден број Палестинци од израелските затвори.


Според договорот, до 100 израелски заложници ќе бидат разменети за до 300 палестински затвореници.

Нетанјаху, сепак, додава дека по спроведувањето на договорот за размена на заложници, војната ќе продолжи се додека Израел не ги исполни своите цели.

Израелскиот премиер смета дека враќањето на заложниците е етичко прашање, нагласувајќи дека ќе се искористи секоја можност за конечно ослободување на сите заложници киднапирани од терористите на Хамас во убиствената кампања против Израел на 7 октомври. За еден ден таа сунитска џихадистичка група уби 1.200 луѓе, од кои повеќето млади луѓе кои учествуваа на музички фестивал.

Израел одговори на масакрот со прогласување на воена состојба и општа мобилизација и почна воздушна и копнена офанзива на Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство, под контрола на Хамас, тврди дека досега во таа офанзива загинале околу 16.000 луѓе, но оваа бројка подоцна беше оспорена.

Според некои извештаи, размената треба да започне во петок, додека други се уште го споменуваат четвртокот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK