Американскиот претседател Доналд Трамп денес, на традиционалната церемонија по повод Денот на благодарноста, помилува две мисирки во Белата куќа.
Мисирките, именувани Фридом (Слобода) и Федерс (Пердуви), беа поштедени од судбината да завршат на масата за Денот на благодарноста, но само Фридом присуствуваше на настанот на Јужниот тревник на Белата куќа, објавува АП.
Јавноста имаше можност да гласа преку интернет и да одлучи која од овие птици, по потекло од Западна Вирџинија, ја заслужува честа да се појави на церемонијата.
Двете мисирки ќе го поминат остатокот од својот живот на Универзитетот Тексас А&М.
Откако им честиташе на Американците за Денот на благодарноста и ги потсети на она што тој го нарече успеси на неговата администрација, Трамп ја стави раката на грбот на белата мисирка и го објави помилувањето.
„Честитки“, рече Доналд Трамп на птицата, допирајќи ги пердувите на нејзиниот грб, според АП.
На Трамп му се придружи неговата сопруга Меланија Трамп и бројни функционери од неговата администрација.
Тој најави дека церемонијата за помилување на мисирки следната година ќе се одржи во новата церемонијална сала на Белата куќа.
Според Белата куќа, ова било во 1979 година, иако оваа практика станала редовна годишна традиција дури за време на мандатот на американскиот претседател Џорџ В. Буш.