Нема струја, водата носи мостови, расте бројот на исчезнати во Швајцарија (ВИДЕО)

1717414763-njemacka-poplava.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 


Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата.

„Големите бури предизвикаа свлечиште во регионот Фонтана и луѓе се пријавени како исчезнати“, се наведува во соопштението на полицијата без да изнесат дополнителни детали.

Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата. Апел за евакуација од куќите во близина на реката Маги е упатен рано утрово за жителите на Прат-Сорника и долината Маги, каде се бараат исчезнатите. Патиштата се пресечени, а камповите што се наоѓаат покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата однесе мост и блокираше кантонален пат. Струјата е исклучена во делови од регионот, а дел од кантонот остана без питка вода, според федералниот систем за предупредување Swissalert. Голем дел од Швајцарија од вчера попладне беше погоден од силни грмежни невремиња проследени со многу обилни врнежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK