„Нема да ја прифатам победата, ми ја наместија“ вели пакистански политичар што победи на изборите

„Нема-да-ја-прифатам-победата-ми-ја-наместија-вели-пакистански.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакистански политичар кој победи на покраинските избори во Карачи минатата недела се откажа од своето место бидејќи, како што објасни, гласањето било наместено во негова корист.


Во Пакистан се одржаа општи и покраински избори на 8 февруари, кои беа нарушени со обвинувања за местење за да се поразат независните кандидати поддржани од поранешниот премиер Имран Кан.

Привремената влада ги отфрла обвинувањата и тврди дека земјата има закони и системи за истрага на жалбите.

Хафиз Наем ур Рехман од исламистичката партија беше прогласен за победник во Карачи откако обезбеди 26.000 гласови, но подоцна откри дека бројот на гласови за независниот кандидат Саиф Бари од партијата Имаран Кан е намален од 31.000 на 11.000.

Откако на партијата на Кан ПТИ и беше забрането да учествува на изборите, нејзините членови решија да се натпреваруваат на изборите како независни кандидати.

„Треба да се почитува јавното мислење, нека победи подобриот. Никој не треба да добие ништо повеќе“, изјави Реман и порача дека нема да прифати победа.

„Нема да прифатам, победата треба да оди кај победникот“, рече Реман.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK