НАСА ја отвори сондата со примерок од опасниот астероид

НАСА-ја-отвори-сондата-со-примерок-од-опасниот-астероид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сондата со примероци од астероидот Бену слета на Земјата во неделата, а вчера научниците на НАСА го отворија материјалот од тоа далечно небесно тело. Експертите од институтот Johnson Space Center (JSC) во Хјустон го подигнаа надворешниот капак и со ентузијазам погледнаа што има таму.


„Научниците беа воодушевени кога го подигнаа капакот. Внатре во него пронајдоа темна прашина и честички со големина на песок“, напиша вчера на „Х“ Одделот за истражување на астроматеријали на НАСА (АРЕС). Таа прашина некогаш била на површината на далечен астероид.

Но, ова е само почеток бидејќи тимот се’ уште не пристапил до главниот примерок на астероидот. Ова ќе бара демонтирање на уредот за собирање примероци TAGSAM; што е комплициран процес кој ќе потрае одредено време.

НАСА ја лансираше сондата OSIRIS-REx кон Бену во септември 2016 година. Беа потребни две години за леталото да стигне до астероидот и уште две мапирања на површината пред тимот да најде соодветно место за собирање на примерокот. На 20 октомври 2020 година сондата се спушти до астероидот и успеа да ја собере прашината. Но, не помина сè како што очекуваа научниците.

Идејата беше сондата со својот дел да удри во површината и да ослободи излив на азотен гас што ќе подигне прашина. Но, во текот на тој процес дојде еден вид шок. Кога механизмот допрел, површината се одвоила како течност и притисокот создал кратер со дијаметар од 8 метри.

Материјалот полета во сите правци, но за среќа и во комората за собирање примероци. Се поставува прашањето зошто целиот овој долгорочен и комплексен проект е толку важен? Првата причина е што Бену е на врвот на листата на опасни астероиди на НАСА.

Но, Бену не е само извор на страв, туку може да открие нешто за нашето потекло. Имено, Бену е реликвија од времето на формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години, а всушност е совршено сочувана временска капсула.

НАСА го смета Бену за најопасната карпа во Сончевиот систем бидејќи има најголема веројатност да удри во Земјата од сите познати астероиди. Но, нема причина за грижа. Иако Бену претставува ризик за нашата планета, веројатноста за удар е многу мала, пишува Science Alert.

Имено, Бену, заедно со астероидот 1950 DA, се вбројуваат меѓу најопасните познати астероиди. Поради својата патека и орбита околу Сонцето, која трае 1,2 години, во следните неколку века во неколку наврати ќе се доближува до Земјата до тој степен што постои мала можност за судир.

НАСА вели дека постои шанса Бену да помине низ таканаречената гравитациска брава за време на неговото прелетување на 25 септември 2135 година – област во вселената што би можела да ја насочи да се судри со нашата планета на крајот на 22 век.

Иако е тешко да се одреди точната веројатност за ваков катастрофален настан, со помош на податоците собрани од леталото OSIRIS-Rex, експертите успеаја да создадат подобар модел на развојот на орбитата на Бену. Нивната анализа покажува дека има само 0,037% (1:2700) шанса да удри во Земјата на 24 септември 2182 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK