Нападнат воен комплекс во Колумбија: Еден војник убиен, 12 ранети, владата се сомнева во нарко картел

Нападнат-воен-комплекс-во-Колумбија-Еден-војник-убиен-12-ранети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден војник загина, а 12 се ранети во напад со експлозивна направа врз воена единица во западна Колумбија, а армијата на земјата тврди дека сторителот е озлогласениот нарко-картел на Заливскиот клан.


Нападот се случил рано утринава во воен комплекс во локалната самоуправа Турбо, на околу 48 километри северозападно од Богота, главниот град на Колумбија, соопшти Министерството за одбрана на земјата, обвинувајќи една од фракциите на Заливскиот клан за чинот.

Колумбија смета дека тој нарко картел е најголем активен на нејзината територија, а армијата директно се бори против него.

Гувернерот на покраината Антиохија, каде што се наоѓа Турбо, понуди награда од речиси 12.800 долари на секој што може да даде информации за тоа каде се наоѓа Вајлдер де Хесус Алкараз, познат како Ел Индио, водачот на фракцијата на Заливскиот клан што ја нападна војската денес.

Колумбискиот претседател Густаво Петро се обидува да го зацврсти планот за „тотален мир“ во неговата земја преку мировни договори со сите вооружени групи на нејзината територија, вклучително и левичарски герилци и шверцерски банди.

Владата води мировни разговори со голем број различни организации, но има потешкотии со Заливскиот клан. Минатата година, тие се согласија на прекин на огнот, но владата тогаш го обвини заливскиот картел дека стои зад нападите за време на протестите на рударите, разговорите пропаднаа и војската се врати во борбата против нарко картелот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK