Напад на метро станица во Бронкс: има загинати, се трага по напаѓачот

Напад-на-метро-станица-во-Бронкс-има-загинати-се-трага.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Едно лице загина, а пет се повредени кога напаѓач отворил оган врз патници во њујоршкото метро, ​​соопшти полицијата во тој американски град.

Нападот се случил во метро станица во населбата Бронкс.

Престрелката се случила во составот на возот кој се движел кон северот на градот по тепачка меѓу две групи тинејџери, изјавија за новинарите претставници на њујоршката полиција (NYPD) пред станицата каде што се случило насилството.

Според досега познатите информации, загинал маж.

Полицијата трага по најмалку еден напаѓач, кој побегнал од местото на настанот, но не ја исклучува можноста за повеќе осомничени, пренесуваат локалните медиуми.

Во обид да ги смират стравувањата на патниците, полицијата и претставниците на јавниот транспорт истакнаа на прес-конференција дека пукотниците се ретки во метрото.

Податоците покажуваат дека во њујоршкото метро се прават просечно 3,8 милиони патувања во работен ден, а во целата 2023 година се регистрирани 570 кривични дела на напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK