Во неделата од надојдената река кај Удине во Италија беа извлечени телата на две девојчиња од Балканот, кои во петокот ги однесе поројот.
Потрагата трае веќе четврти ден, а италијанските медиуми ги пренесоа шокантните зборови на мајката на една од жртвите.
Мајката на Патриша Кормос (20), чие тело беше пронајдено на околу километар од местото каде последен пат беше видена како се гушка со својата пријателка Бјанка и Кристијана, е неутешна по смртта на нејзината ќерка.
Таа им се обрати и на луѓето кои ја гледаа драматичната сцена од мостот и пријателките кои се гушкаат, чии снимки го расплакаа регионот.
„Наместо да снимаат, можеле да ја спасат“, рекла неутешната мајка.
Таа истакнала дека нејзината ќерка неколку пати повикала помош.
„Го оставила своето име, адресата, им рекла: Јавете и се на мама“, рекла неутешната мајка.
„Најмногу ме боли тоа што сите ги сликаа и снимаа и никој не ги спаси. Никој. Можеби можеа да ги спасат. Не е најважно да се направи видео”, рекла мајката на Патриша.
За прв пат по петочната драма, мајката на Патриша излезе со соопштение.
„Таа беше ангел, учеше и работеше. По испитот на факултет во петокот наутро ми кажа дека е многу добро, дека знае се”, рекла мајката.
Медиумите потсетуваат дека тројцата млади луѓе исчезнаа во петокот околу 14 часот. Наводно се сликале покрај реката, кога нивото на водата наеднаш почнало да расте. Кога водата стигнала до нивните глуждови и колена, тие се прегрнале и чекале помош, надевајќи се дека ќе можат да се справат со силата на реката.
Спасувачите не успеале да ги извлечат, а младите исчезнале во поројот. Видеото од нивната последна прегратка го обиколи регионот.
Во меѓувреме била пронајдена чантата на Патриша, а внатре и бил телефонот.
Во близина е пронајден автомобил со романски регистарски таблички, а медиумите објавија дека исчезнале млади луѓе од Романија.