Најсреќната земја во светот е Финска

finska1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финска го обезбеди првото место меѓу најсреќните земји во светот и таа титула ја носи седма година по ред, се вели во извештајот на мрежата за решенија за одржлив развој, која работи под покровителство на ОН, објавен денеска.


Просечниот рејтинг на таа нордиска земја е 7,7, а потоа следат Данска, Исланд и Шведска. На другиот крај на скалата е Авганистан, кој среде хуманитарна катастрофа по враќањето на Талибанците на власт во 2020 година го зазеде последното место од 143 земји со оценка 1,7.

Ова се десетте најсреќни земји во светот.

1. Финска
2. Данска
3. Исланд
4. Израел
5. Холандија
6. Шведска
7. Норвешка
8. Швајцарија
9. Луксембург
10. Нов Зеланд

За прв пат по повеќе од 10 години, САД и Германија не се меѓу првите 20 најсреќни нации, паѓајќи на 23-то и 24-то место. Франција се најде на 27 место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK