Најсмртоносниот ден за израелската армија во Газа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Војската на Израел соопшти дека 21 војник е убиен во Газа, што го означува најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција.



Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека се верува дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се наоѓале, пренесува Би-би-си.

Зградите експлодирале веројатно како резултат на мините поставени таму. ИДФ соопшти дека се уште ги истражува деталите за инцидентот.

Израел се обидува да го елиминира Хамас откако вооружените напаѓачи убија повеќе од 1.300 луѓе во нападите на 7 октомври.

Повеќе од 25.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на воздушната и копнената кампања што ја започнаа Израелците, според податоците објавени од Министерството за здравство на Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK