Најсилниот земјотрес во последните 25 години во Тајван, над 900 повредени

5712ad3e-26ed-4eff-b93b-e3e5bfbc51d0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Владата на Тајван соопшти дека девет лица загинале, 934 се повредени и 127 се заробени во денешниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот што го погодил островот во последните 25 години.

По земјотресот беше издадено предупредување за цунами за јужниот дел на Јапонија и Филипините, но подоцна беше укинато.

Тајванската влада соопшти дека седум лица загинале во планинскиот, ретко населен источен округ Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.

Потресите се почувствуваа дури до главниот град Тајпеј, а телевизиските станици емитуваа снимки од згради како силно се нишаат додека луѓето одат на работа, а децата на училиште.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен, соопшти Американскиот геолошки институт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK