Најновата руска подморница тестираше лансирање на балистички ракети

Најновата-руска-подморница-тестираше-лансирање-на-балистички-ракети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека новата руска подморница на нуклеарен погон Цар Александар Трети успешно тестираше лансирање на балистичка ракета Булава.


Интерконтиненталната балистичка ракета беше лансирана од подводна позиција во Бело Море во близина на северниот брег на Русија и погоди цел оддалечена илјадници километри на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен исток, се наведува во соопштението на руското МО, без да се прецизира кога било извршено тестирањето.

Ракетата Булава е долга 12 метри, може да носи шест нуклеарни боеви глави и има дострел од 8.000 километри.

Рускиот претседател Владимир Путин во декември присуствуваше на свеченото спуштање на подморницата Цар Александар Трети во морето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK