Најновата руска нуклеарна подморница од класата „Бореј“ од Арктикот ќе се премести на Камчатка

podmornica_54353453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Најновата подморница на руската морнарица со балистички ракети на нуклеарен погон во август ќе се пресели во постојана база на полуостровот Камчатка, соопшти денеска агенцијата Тасс.







Подморницата „Генералисимус Суворов“, која беше пуштена во употреба кон крајот на 2022 година, носи до 16 руски ракети „Булава“ со нуклеарни глави.

Таа од Северната флота (на Арктикот), во август, преку Северниот по морски пат ќе се префрли до Пацифичката флота, јави Тасс, повикувајќи се на извор близок до воениот оддел.

Русија ја зајакнува одбраната во своите далечни источни региони кои се граничат со Азија и Пацификот, обвинувајќи ги САД дека го прошируваат своето присуство таму и ја зголемуваат загриженоста за безбедноста во Јапонија и во целиот регион.

Подморницата е шестиот пловен објект од руската класа на помали и поневидливи подморници „Бореј“, што ќе ги заменат претходните генерации на руски подморници со балистички ракети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK