Најмалку седум жртви при уривање на зграда во Kаиро

kairo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку седум лица загинаа денеска при уривање на станбена зграда во Каиро, јавија египетските државни медиуми додавајќи дека спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините.







Египетската државна новинска агенција МЕНА јави дека спасувачките тимови извлекле најмалку седум тела од под урнатините на четирикатната зграда во квартот Хадек ел-Кубах во Каиро. Четворица преживеани биле извлечени и префрлени во болница.

Властите ја евакуираа соседната станбена зграда.

Засега не е познато што го предизвикало уривањето на зградата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK