Најмалку седум лица загинаа кога танкер кој превезувал хемикалии и пловел под јужнокорејско знаме се превртел во близина на западниот брег на Јапонија, а во тек е потрага по уште двајца членови на екипажот, објави јапонската јавна телевизија NHK, повикувајќи се на јапонската крајбрежна стража.
NHK соопшти дека танкерот бил закотвен поради лошото време и повикал помош доцна во вторникот, додавајќи дека на бродот имало 11 членови на екипажот, меѓу кои осум Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез, а двајца членови на екипажот биле спасени.
Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, а не е откриено дека хемикалијата била истурена, објави Ројтерс.