Најмалку 50 загинати и 300 повредени во железничка несреќа во Индија

indija_#4543534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

–  Најмалку 50 луѓе загинаа, а 300 се хоспитализирани во Индија кога патнички воз се судри со товарен воз во индиската држава Одиша, соопштија индиските медиуми и локалните власти.







Возот „Коромандел експрес“, кој сообраќал од Калкута до Ченај, излетал од шините и удрил во товарен воз. Во тек се спасувачки операции.

Во судир на два воза во август 1995 година во близина на Њу Делхи загинаа 358 луѓе во најголемата железничка несреќа во таа држава. Повеќе од 12 милиони луѓе се превезуваат со 14.000 возови дневно во Индија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK