Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени во еден од најсилните руски напади врз Киев од почетокот на војната. Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините, па се стравува дека бројот на жртвите ќе расте.
Според украинските власти, Русија во текот на ноќта употребила речиси 500 дронови и повеќе од 70 ракети, при што биле погодени станбени згради, хотел и друга инфраструктура во главниот град и во други делови на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека последиците би биле помали доколку сојузниците навреме ги испорачале ветените системи за противвоздушна одбрана.
Поради нападот, во Киев за утре е прогласен Ден на жалост.